Уапсен 21-годишник во Велес: насила ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во возило

Ноќеска во 01:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода 21-годишниот Б.О. од Чашка.

Според пријавеното на очевидци, тој без нејзина согласност ја внел неговата поранешна 17-годишна девојка во патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, но по кратко време полициски службеници го запреле возилото, по што Б.О. бил приведен во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top