(Фото) Романтично издание на Џеј Ло, но само на прв поглед

Џенифер Лопез беше фотографирана во едно од најубавите летни изданија, а позната е и цената на прекрасната тоалета што ја носи.

Летото завршува, но Џенифер Лопез продолжува со одбрани модни изданија и не е подготвена да се збогува со летните фустани. Таа беше фотографирана на ручек со својот менаџер, а за таа пригода избра уште едно фантастично летно издание.

Латино ѕвездата беше во лежерен стил, облечена во долг бел фустан во кој на прв поглед изгледаше како да оди на прошетка покрај море…

Станува збор за макси лелеава тоалета со длабоко деколте, како и гол грб со тенки прерамки што се вкрстуваат. Деталите од чипка на деколтето и струкот ѝ даваат тој романтичен допир, а Џеј Ло носеше екстремно високи потпетици, односно платформи, со ова идеално летно парче.

Таа го искомбинираше фустанот со летна чанта Greekaba Christian Louboutin од колекцијата 2022, покажувајќи дека не мора сè да биде најнова мода. Добрите парчиња се секогаш добри парчиња.

Таа имаше и лежерна фризура и неопходен дел без кој никогаш не оди никаде – очила за сонце.

Белиот фустан може да се најде за околу 160 евра, а станува збор за моделот Posey од брендот Sasha Therese, пишува Index.hr.

Scroll to Top