Непалскиот премиер Балендра Шах, кој ги посетува областите погодени од неодамнешните поплави, рече дека повеќе од 13.000 припадници на непалската армија, вооружена полиција и национална полиција сее вклучени во операциите за пребарување.
Во текот на денот, извршени се 69 летови во кои се спасени 573 лица.
Тој додаде дека се формирани привремени центри за сместување на погодените и дека повредените граѓани се лекуваат бесплатно.
Шах рече дека владата е фокусирана на спасување животи, барање на исчезнатите и обезбедување помош на населението погодено од поплавите.
Бројот на загинати, пак, се зголеми на 380.
Најмалку 63 лица моментално се лекуваат во болници.
фото/ЕПА







