Арина Сабаленка се соочи со многу критики од јавноста за нејзиниот настап на Отвореното првенство на САД. Сепак, се чини дека една од најдобрите тенисерки во светот не остана неми на критичарите кои беа дежурни на интернет.
Пред неколку дена Арина Сабаленка и Новак Ѓоковиќ создадоа вистински спектакл на тенискиот терен. Омиленото тениско дуо организираше натпревар за паметење, а вниманието на јавноста го привлече и облеката на Сабаленка.
Таа излезе на теренот во проѕирен мрежест фустан од Најк со контрастни бели шевови, кој го носеше преку светло портокалов спортски градник и соодветни шорцеви од овој спортски бренд. Носеше скап накит, сет составен од ѓердан, нараквица и висечки обетки, украсени со повеќе од 127 карати обоени скапоцени камења.
И, нејзиниот впечатлив фустан предизвика лавина од коментари на интернет, а негативните беа особено забележливи.
„Овој дизајн е ужасен. Таа заслужува подобро“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Друг додаде дека изгледот е „едноставно неприфатлив“ и дека е „шокиран“ што Најк понудил таков дизајн.
Арина се огласи
Една од најдобрите тенисерки во светот одговори на коментарите во Националниот тениски центар „Били Џин Кинг“ и откри дека дизајнот е инспириран од кошарката, бидејќи, како што додаде, биле во Њујорк. Компанијата сакала да му оддаде почит на спортот, но и на самиот турнир.
„Кого го интересира што мислат луѓето? Ми се допаѓа“, рече таа, додавајќи дека всушност ѝ се допаѓа фактот што нејзината опрема е единствена.
„Ми се допаѓа што е различна и смела, без разлика што луѓето пишуваат на интернет. Слушнав дека не им се допаѓа, мене ми е смешно“, рече таа.
„Значи, кого го интересираат другите, нели? Јас го наоѓам ова забавно и изгледа одлично на фотографиите“, заклучи таа.







