Скопје денеска доби градски воз, со што се отвора ново поглавје во развојот и модернизацијата на јавниот превоз во главниот град, оценува скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
Според објавата, градскиот воз на релацијата Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри, е пуштен во употреба во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и градоначалникот на Скопје.
„Скопје доби градски воз – нека е аирлија!
Денес, вели тој, отвораме ново поглавје во развојот на Скопје и правиме голем исчекор кон модерен, брз и ефикасен јавен превоз.
„Заедно со претседателот на Владата, Hristijan Mickoski и заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Aleksandar Nikoloski, го пуштивме во употреба градскиот воз – еден од најзначајните инфраструктурни проекти за нашиот град и проект од огромна важност за граѓаните.
Градскиот воз беше визија. Денес е реалност!
Со целосната рехабилитација на железничката пруга на делницата Транспортен центар Скопје – Зелениково, во должина од околу 25 километри, ги поставивме темелите на модерен, одржлив и интегриран транспортен систем, додека следните две фази за поврзување и на другите делови на Скопје со градски воз, се работат со силна динамика“.
Како што нагалси Ѓорѓиевски, со градскиот воз, за само 20 минути, ќе се стигнува од Зелениково до Скопје.
„Овој проект носи директни придобивки за граѓаните, како побрзо и побезбедно патување, помал сообраќаен метеж, намалена емисија на штетни гасови и почист воздух.
Тоа значи помалку време поминато во сообраќајот, поголема мобилност и поквалитетен живот за сите.
„Во рамките на проектот беше извршена темелна модернизација на пругата.
Демонтиран е стариот колосек, дотраените дрвени прагови се заменети со нови бетонски, а колосекот е машински подбиен и регулиран со современа механизација.
Како Град Скопје, бевме активно и посветено вклучени во целиот процес.
Нашата цел е автобускиот и железничкиот превоз да функционираат како една целина.
Со синхронизирањето на возните редови, граѓаните добиваат поврзан, ефикасен и непречен превоз низ Скопје.
Но, тука не застануваме!
Завршена е постапката и следува испораката на 100 нови градски автобуси.
По цела една деценија, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен и достоинствен градски превоз.
Со тоа завршува долгогодишната голгота, а круна на целосната модернизација ќе биде системот БРТ, за кој подготовките се во завршна фаза.
Градски воз. Сто нови автобуси. БРТ-систем.
Тоа е новото Скопје што го градиме – поврзано, модерно, функционално и достојно за своите граѓани!
Упатувам огромна благодарност до сите што вложија труд, знаење и посветеност во реализацијата на овој проект, а особено до премиерот Христијан Мицкоски, човек кој со својата одговорност, посветеност и искрен пристап секојдневно покажува што значи вистинска грижа за народот“.
Нагласува дека доаѓа време на големи проекти и конкретни резултати.
„Време во кое нема само да зборуваме за подобро Скопје – туку тоа подобро Скопје секојдневно ќе го градиме и ќе го живееме!







