Кога селекторот Адис Беќирагиќ го објави проширениот список на репрезентацијата на Босна и Херцеговина за претстојното Европско првенство, на него беа двајца странци,
Хавиер Кастанеда и Лука Гарза. Босанците се надеваа дека Гарза, играч на Минесота, ќе добие дозвола за настап, но ФИБА уште еднаш потврди дека само еден странски играч може да игра за репрезентацијата.
ФИБА не дозволи Босна и Херцеговина да го регистрира Лука Гарза како домашен кошаркар, бидејќи неговиот татко е Американец, а тој е роден во САД.
Френк Гарза објави дека ќе ја тужи ФИБА за оваа одлука, откако селекторот Беќирагиќ рече дека Лука нема да биде на конечниот список и дека Кастанеда е повеќе потребен на нивната репрезентација.
„Гарза би сакал да игра без сомнение, но во нашата конфигурација ни треба плејмејкер. Особено таков што може да постигнува поени од далечина и да ни помогне во нападот. Од самиот почеток некако знаевме дека тој нема да биде таму. За секој случај, ако нешто се случи со Кастанеда, но ова е нашата прва опција“, рече селекторот на БиХ, Адис Беќирагиќ.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина има доволно силна внатрешна линија со Јусуф Нуркиќ, Кенан Камењаш и Амар Алибеговиќ.
Евробаскетот ќе се одржи во четири земји: Латвија, Полска, Финска и Кипар. Репрезентацијата на Босна ќе игра во Лимасол заедно со репрезентациите на Грција, Италија, Шпанија, Грузија и домаќинот Кипар.
Турнирот започнува на 27 август и трае до 14 септември. Последниот дел од турнирот ќе се одржи во Рига.