Фрлала дрва кон деца, па ги бркала со остар предмет додека играле топка – кривична за пензионерка од Кичево

Полицијата поднесе кривична пријава против Ф.А. (73) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“.

Според МВР, на 29 август околу 18 часот, пријавената фрлала дрва кон две деца кои играле со топка.

Потоа, како што се наведува во полициското соопштение, таа со остар предмет ги бркала децата низ дворот и им ја оштетила топката.

 

Фото: илустрација, генерирана со помош на ВИ

Scroll to Top