Тешко повреден мотоциклист од Скопје

На 03.09.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од А.С.(48) од Свети Николе и мотоцикл со германски национални ознаки управуван од О.Б.(43) од Скопје, со престој во Република Бугарија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Scroll to Top