(Фото) Магијата наречена Амал Клуни: Сите гледаат во нејзиниот блескав фустан

Во наредните денови ќе уживаме во модните изданија на Амал Клуни, ненадминатата кралица на елеганцијата.

Познатиот актер Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал Клуни уживаат во романтичната Венеција до максимум. Славниот пар пристигна со стил во познатиот ресторан Иво – со водено такси, токму како што му доликува на овој град, објавуваат странските медиуми.

На овогодинешниот Фестивал, Клуни го доби Златниот лав, а во таа прилика Амал, жена од која секогаш се очекува беспрекорна елеганција, особено блесна.

Амал веднаш привлече внимание во светло син мини-фустан без ракави, украсен со светки и долги реси кои нежно се нишаа со секој нејзин чекор.

По вечерата, парот повторно се качи на водното такси и пловеше низ каналите, уживајќи во магичната атмосфера на Венеција.

Клуни беше облечен малку полежерно за оваа пригода, облечен во панталони и маица, додека цело време ја држеше јакната преку рака.

Сите едвај чекаа да го видат познатиот пар на познатиот филмски фестивал во Венеција, а целата еуфорија ја оправдаа со својот изглед.

Scroll to Top