Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се памети со години.
Манекенката Кендал Џенер пристигна на Филмскиот фестивал во Венеција и веднаш импресионираше со своите модни избори. Славната убавица неодамна беше во центарот на вниманието поради нејзината наводна романса со Џејкоб Елорди, а со овој фустан успеа да го остави дури и тоа во сенка.
За Кендал, ова беше и нејзиното деби појавување на црвениот тепих во Венеција и сигурно ќе го памети до крајот на животот.
Таа се појави на премиерата на црната комедија и драма „Wild Horse Nine“ во режија на Мартин Мекдона во впечатлив винтиџ фустан од Армани од архивата на модната куќа.
За проекцијата на филмот, Џенер избра винтиџ фустан од Џорџо Армани од колекцијата есен/зима 1995, украсен со златни цветни детали. Таа ја стилизираше темната коса во лабави бранови со цик-цак разделба, а изгледот го комплетираше со дијамантски обетки од Briony Raymond и чевли со Aquazzura.
„Возбудена сум што ќе го носам фустанот, а потоа ќе се појавам на црвениот тепих“, изјави моделот за Vogue во Венеција. Таа пристигна во градот во соработка со Armani Beauty, откако стана заштитно лице на Emporio Armani Power of You претходно оваа година.
„Обожавам да работам со Armani. Сите се толку прекрасни, а сè е секогаш толку забавно и лесно“, рече таа.







