Низа пријави за семејно насилство: напади и закани во Кавадарци, Гостиварско и Скопје

Повеќе случаи на семејно и партнерско насилство биле пријавени во полицијата во изминатите два дена, меѓу кои напади и закани со остри предмети.

Во Кавадарци, полицијата го привела Ј.Ф. (40), постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал својата 33-годишна сопруга, со која биле во бракоразводна постапка, и ѝ се заканувал со остар предмет. Тој бил задржан во полициска станица, а биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи Кавадарци.

Во друг случај, полициски службеници од ПО Галате го привеле Х.А. (47) од гостиварско село, откако неговата 49-годишна сопруга пријавила дека на 5 септември, околу 22:30 часот, во семејниот дом физички ја нападнал и ја нападнал со стаклен предмет.

Во Скопје, 48-годишна жена пријавила дека во семејниот дом била нападната со тврд предмет од нејзиниот сопруг, кој, според пријавата, ѝ го оштетил и мобилниот телефон и ѝ се заканувал со остар предмет.

Во полициската станица Ѓорче Петров бил извршен службен разговор со М.А.С. (20) од Скопје, по пријава од неговата 19-годишна поранешна партнерка. Таа пријавила дека околу 4 часот во нејзиниот дом тој физички ја нападнал, одзел пари од нејзината чанта и ѝ упатил закани.

Scroll to Top