Патник кој предизвикал проблеми во авион бил врзан со лисици и залепен со селотејп за седиштето откако неговиот лет бил пренасочен за итно слетување во Балтимор во четвртокот навечер.
Авионот веќе бил на половина од летот кога патник во прва класа почнал да се однесува агресивно, изјави Ричард Оленик за CNN.
Летот бил од меѓународниот аеродром Далас/Форт Ворт до Њуарк кога екипажот пријавил инцидент со патник, соопшти Федералната администрација за воздухопловство (FAA).
Стјуардесата се обидела да ја смири ситуацијата, но човекот станувал сè повеќе вознемирен, почнал да го удира патникот што седел до него, а потоа ја удрил и жената што се обидела да интервенира, рече Оленик.
Кога видел дека ситуацијата станала физички насилна, друг патник, Хуан Мехија, пензиониран полицаец од Њу Џерси, станал од своето место, а Оленик го следел.
Човекот го гризнал Мехија и се обидел да го гризне и Оленик,
„Безбедноста на нашите патници и членовите на нашиот тим е наш највисок приоритет и не толерираме насилство“, соопштиле од „Американ ерлајнс“. „Им се заблагодаруваме на членовите на екипажот за нивната професионалност, како и на патниците за нивното разбирање“.
Според ФАА, досега оваа година се пријавени повеќе од 1.160 инциденти во кои се вклучени непослушни патници.
Покрај кривичните санкции, агенцијата може да изрече казни од над 43.000 долари за секој патник кој „напаѓа, се заканува, заплашува или се меша во работата на членовите на екипажот на авиокомпанијата“.







