19-годишна девојка загина во Светиниколско: со возилото излетала од патот

Синоќа околу 22:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на локалниот пат с.Пиширово-с.Црнилиште, 19-годишната Т.Д. од с.Црнилиште, светиниколско, управувајќи патничко возило „сеат“ со светиниколски регистарски ознаки, излетала од патот.

Од здобиените повреди на местото на настанот, Т.Д. починала.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција. 

Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Scroll to Top