Една третина од Германците сметаат дека Украина никогаш не треба да стане членка на ЕУ

Една третина од учесниците во нова анкета во Германија сметаат дека Украина никогаш не треба да стане членка на ЕУ, додека помалку од 15 проценти сметаат дека земјата треба веднаш да се приклучи на Унијата.

Една четвртина од испитаниците во Франција и 14 проценти во Шпанија, исто така, сметаат дека Украина никогаш не треба да стане членка на ЕУ, според анкетата за поддршка на членството на Украина, Црна Гора и Албанија објавена денес од бриселскиот портал „Политико“.

Во исто време, 22,5 проценти од Французите, 20 проценти од Германците и десет проценти од Шпанците сметаат дека Црна Гора никогаш не треба да стане членка на ЕУ, додека 17 проценти од Шпанците и десет проценти од испитаниците во Германија и Франција се за тоа земјата веднаш да се приклучи на Унијата.

Во случајот со Албанија, 15 проценти од испитаниците во Шпанија, десет во Франција и девет проценти во Германија веднаш го поддржаа членството на земјата во ЕУ.

13 проценти од Шпанците, 26,5 проценти од Французите и 29 проценти од Германците веруваат дека Албанија никогаш не треба да стане членка на ЕУ, според анкета спроведена од „Politico Poll“ i „Public first“.

Оние кои сметаат дека трите земји треба да станат членки на Унијата во следните десет години се помеѓу 14 и 28 проценти, во зависност од кандидатот и земјата каде што е спроведена анкетата.

Анкетата е спроведена кон средината на јуни и опфати повеќе од 2.000 испитаници од Франција, Шпанија, Германија, САД, Канада и Велика Британија.

Scroll to Top