ЗНАМ: Независноста е наше наследство, иднината е заедничка обврска

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија со честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија.

Партијата потсетува на референдумот од 8 септември 1991 година, кога, како што наведуваат, граѓаните ја потврдиле историската одлука за суверена, самостојна и независна држава.

„Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска. Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.
Македонија е наша татковина. Независноста е наше наследство. Иднината е наша заедничка обврска.
Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија“.

Scroll to Top