Американскиот претседател Доналд Трамп го откри својот нов портрет, кој беше поставен во Западното крило на Белата куќа, но сликата веднаш предизвика бројни реакции на социјалните мрежи поради еден необичен детаљ.
На портретот, американскиот претседател е прикажан како оди опкружен со американски знамиња, додека зад него е позадина во нијанси на портокалова боја.
Eeeeeek .. America is burning 🥵
— Anita.Aus (@AnitaWo42078705) August 19, 2025
Станува збор за делото на уметницата Ванеса Хорабуена, кое сега е изложено во Западното крило, објавува „The Independent“.
Откривањето на портретот следеше кратко откако Трамп ги угости европските лидери, а во таа прилика тој објави на својата мрежа „Truth Social“ дека разговорите биле „многу добри“ и дека „сите се среќни поради можноста за мир за Русија/Украина“.
Необичната позадина предизвика поплава од коментари на интернет, при што многумина се прашуваат зошто претседателот изгледа како да оди пред огнен елемент.
„Зошто сè гори зад него?“ праша еден корисник, додека друг додаде: „Зошто изгледа како светот да гори веднаш зад него?“ Набрзо следеа слични коментари: „Зошто сè гори?“ и „Дали сè гори во позадина?“ Еден коментатор се пошегува за сцената: „Трамп кога ќе ја напушти функцијата во 2029 година, ќе остави зад себе огнени остатоци од земјата“.