СВР Тетово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Ш.И., 25-годишниот Ф.И., 38-годишниот Ш.И., 28-годишниот Б.И. и 51-годишниот А.И., сите од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 25.06.2026 во дворот на семејна куќа во Тетово, каде што живеат пријавените, по претходна расправија помеѓу двајца од пријавените, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.







