Маурисио Покетино бара на Челзи треба да му се одземе титулата во Премиер лигата за сезоната 2016/17.
Неговиот тим Тотенхем, таа сезона ја заврши како второпласиран, додека Челзи беше казнет со 10,75 милиони фунти во март откако беше обвинет од Премиер лигата за кршење на правилата за натпреварување.
„Требаше да ја освоиме титулата, една Премиер лига. Требаше да ни биде доделена. Челзи беше казнет, го признаа тоа, па тоа е тоа? Титулата треба да му припадне на второпласираниот тим“, рече Покетино и додаде:
„Вистината е дека не се натпреварувавме според истите правила“.
Покетино не освои трофеј со Спарс, но стигна до финалето на Лигата на шампионите во 2019 година.
„Можеби со истите правила, ако ги примениме истите работи, можеби би можеле да потпишеме некои играчи кои би го подобриле тимот или би постигнале повеќе голови. Не се жалам. Тоа е вистината. Ако признаа дека ги прекршиле правилата, титулата во Премиер лигата ќе му припаднеше на вториот најдобар тим. Не се плашам да ја кажам вистината. Навивачите на Челзи ќе ми се лутат што го кажувам ова, но ако ги прекршевме правилата во Тотенхем, би го рекол истото“, вели Покетино.
Покетино, подоцна, во сезоната 2023/24. беше менаџер на Челзи, додека моментално е селектор на САД.
Foto/ Depositphotos







