Вардар поразен во Мелсунген

Ракометарите на Вардар со пораз ја отворија сезоната во Лигата на шампионите. Мелсунген, вечерва, го победи Вардар со 33:31 (16:15). Вчера во оваа група Нант забележа победа над Висла 26:25.

Вардар успеа да му пружи отпор на актуелниот освојувач на Европската лига, но тоа не беше довоно да се избегне поразот.

Две серии во раната фаза од првото и второто полувреме беа клучни за конечниот исход. По водството на Вардар 3:4, следуваше период од шест минути во кој црвено-црните не постигнаа гол, а Мелсунген направи серија 4:0.

До крајот на полувремето домашниот тим одржуваше предност од еден до два гола. Во вториот дел пресудна беше серијата 4:1, кога Мелсунген ја достигна максималната разлика во натпреварот (24:19).

Во второт коло, Вардар ќе го пречека Нант. Натпреварот се игра на 16 септември.

Foto/ facebook.com/rkvardar

Scroll to Top