„Врховниот суд ја укина пресудата за Ласкарци, Стевчо излегува на слобода – сè што треба да знаете за судството под контрола на СДС и ДУИ, со 2 отсто доверба“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врховниот суд ја укина пресудата за несреќата кај Ласкарци, каде загинаа 16 лица. 16 лица загинаа, а нема одговорни. Исто како што во правосудниот систем нема одговорност и за запалената модуларна болница на Венко Филипче, каде живи гореа луѓе. Во која друга држава и при кое друго судство може да загинат над 30 луѓе, а да нема виновни“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време, на слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал.

Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба.

Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДС и ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Scroll to Top