(Фото/Видео) Не е важно кога или како, но кралицата на провокацијата мора да ги покаже своите гради

Емили Ратајковски предизвика внимание иако беше облечена така што телото ѝ беше покриено сè до вратот – но тоа не ја спречи да најде начин да ги истакне своите гради.

Манекенката Емили Ратајковски повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат на ревијата на Calvin Klein за сезоната пролет/лето 2027, одржана во „Терминал Верехаус“ за време на Модната недела во Њујорк.

Триесет и петгодишната манекенка се појави во нежна комбинација во светли тонови, која совршено се вклопуваше во естетиката на новата колекција. Таа се одлучи за проѕирна бела ролка без ракави, што ја носеше без градник, и ја искомбинира со панталони во боја на крем со низок струк.

Ратајковски самоуверено позираше пред камерите, уште еднаш покажувајќи зошто важи за една од најистакнатите личности во светот на модата.

Нејзиниот едноставен, а сепак впечатлив изглед се издвојуваше меѓу гостите на ревијата, а светлата палета на бои беше во совршена хармонија со новата колекција на Calvin Klein.

Ова нејзино појавување уследи по романтичното патување во Рим, каде што, наводно, таа поминала време со својот партнер, францускиот режисер Ромен Гаврас.

Емили повторно успеа да го привлече вниманието на фотографите, а нејзиниот избор на облека се покажа како еден од највпечатливите модни моменти на вечерта.

Scroll to Top