Николоски: Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти

„Во 21 век напредуваат само државите кои инвестираат во големи, стратешки и долгорочни проекти” – напиша на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски”.

„Оваа Влада води политика за иднината. Во изминатата седмица, бевме сведоци на реализација на крупни капитални проекти: нова когенеративна централа, изградба на најголемиот ветерен парк,
реконструиран аеродром Св. Апостол Павле.

И тоа не се само градби“. Тоа вели Николоски се инвестиции во иднината, во нови работни места, во енергетска сигурност, во поврзаност и во конкурентна економија.

Како што нагласува во објавата, градежништвото вeќе 18-ти месец расте по ред и тоа е јасен доказ дека капиталните проекти ја движат државата напред.

„Градиме денес за да оставиме посилна држава за идните генерации” – објави Николоски.

Scroll to Top