Тешка сообраќајка кај Струмица, загина 65-годишен маж

Шеесет и петгодишен маж од струмичкото село Штука починал по сообраќајна несреќа што вчера се случила на локалниот пат меѓу селата Штука и Турново.

Како што соопшти МВР, несреќата била пријавена во СВР Струмица во 10:40 часот, а во неа учествувале мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д.(65) од село Штука, и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д.(29), исто така од село Штука.

Во несреќата М.Д. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Струмица, каде што во 13:00 часот починал.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Струмица.

Scroll to Top