Лијам Нисон е виден како се држи за рака со Стела Стокер, неговата колешка од филмот Mongoose. Иако нема официјални информации за нејзината возраст, некои извори наведуваат дека таа има меѓу 35 и 40 години.
Познатиот актер Лијам Нисон (74) и неговата колешка од филмот Mongoose, Стела Стокер, беа фотографирани како се држат за рака додека чекореа по црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Двајцата беа насмеани додека се појавуваа во саботата на премиерата на филмот Evil Genius, во режија на Кортни Кокс.
Во еден момент, Стокер го фати Нисон за рака, пред да застанат за да позираат пред фотографите. Иако имаше многу шпекулации за наводна романса меѓу Памела Андерсон и Лијам Нисон, се чини дека тие гласини биле неосновани.
За оваа гламурозна вечер, Нисон се одлучи за црно сако и црна маичка. Тој го задржа лежерниот изглед комбинирајќи ги со фармерки и кафеави чевли. Стокер, пак, носеше црн фустан со драпирано деколте, а косата ѝ беше собрана во елегантна фризура.
Нивното заедничко појавување на црвениот тепих доаѓа по големото внимание што Нисон го привлече минатата година поради неговото флертување со Памела Андерсон, со која соработуваше на филмот The Naked Gun во 2025 година, пренесува PageSix.
„Лудо сум вљубен во неа. Едноставно е прекрасно да се работи со неа“, изјави Нисон за списанието People во 2024 година, зборувајќи за Андерсон и за снимањето на новата верзија на полициската комедија.
Во една прилика, тој дури и ја претстави како „иднината г-ѓа Нисон“ кога излегоа заедно на вечера.







