Гутереш изрази подготвеност да биде домаќин на преговори меѓу Русија и Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, денес изрази подготвеност да биде домаќин на мировни преговори меѓу Русија и Украина на маргините на претстојното Генерално собрание на ОН.

„Би ми било задоволство да го направам тоа, доколку е можно“, рече Гутереш на брифинг за медиумите, одговарајќи на прашање од агенцијата РИА Новости дали би бил подготвен да организира трилатерален состанок со министрите за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и украинскиот Андриј Сибих.

Тој оцени дека постигнувањето примирје меѓу Русија и Украина е апсолутно неопходен чекор кон мирно решавање на конфликтот.

Scroll to Top