Зајакнати акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли – 1.875 прекршоци и 116 кривични пријави

Во текот на месец август 2026 година, на целата територија на државата, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон прекршоците сторени од возачи на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, извести МВР.

„При спроведените контроли, констатирани се вкупно 1.875 прекршоци. Најголем број прекршоци се констатирани на подрачјето на СВР Скопје – 503, потоа СВР Битола – 230, СВР Струмица – 216, СВР Охрид – 179, СВР Тетово – 178, СВР Штип – 169, од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата – 147, СВР Велес – 128 и СВР Куманово – 125.

Од вкупниот број констатирани прекршоци, најголем дел, односно 1.563, се однесуваат на неносење заштитен шлем – кацига за време на управувањето.

За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Во рамки на контролите, против 116 возачи се поднесени кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, додека согласно член 300-б од Кривичниот законик, одземени се 97 мотори.

Во текот на контролите констатирани се и 3.259 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и доследно почитување на сообраќајните правила и прописи“, соопшти МВР.

Scroll to Top