Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.