„Приказната за Силјан“ и детскиот филм „Клинци Каубојци“, вечерва на „Кино на отворено“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода повика вечерва сите да дојдат на „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“Настанот започнува во 19:00 часот со проекција на детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, кој е синхронизиран на македонски јазик. Веднаш по него, во 20:35 часот, публиката ќе може да го погледне македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и е добитник на Наградата на Музата на Биеналето во Венеција.

Филмскиот викенд продолжува и утре. Неделната програма исто така стартува во 19:00 часот со детскиот анимиран филм „Таинствената шума“. Од 20:25 часот следува проекција на култниот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, филм кој има освоено над 30 меѓународни награди, вклучувајќи го „Златниот лав“ во Венеција и номинацијата за Оскар во 1995 година.

Проекциите се бесплатни и се одржуваат во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“ Настанот се реализира во соработка со Кинотека на Република Македонија и „Киноверзум“.

Scroll to Top