Македонец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила на државниот пат 16 „Адријатика“ во близина на Ортона, јавуваат италијанските медиуми.
Стефан Ѓероски , 31-годишен маж роден во Македонија кој живее во Ортона, го загуби животот додека управувал со „фолксваген голф“ откако излетал од траекторијата и силно се удрил во потпорен ѕид.
Возачот, според извештаите, загинал на лица место.







