На 19.09.2026 во 16:55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за општ и насилен криминал, ги лишиле од слобода 26-годишниот С.У. од село Долно Палчиште и 34-годишниот А.Е. од село Липково, општина Липково, поради сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „тешка кражба“ по член 235 и член 236 од Кривичниот законик.

Од лицето А.Е. е одземено патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, а на неколку локации на подрачјето на село Камењане и село Палчиште пронајдени се и одземени ловечка пушка и ловечки карабин, како и поголема количина на муниција и патрони од различен калибар и повеќе предмети кои потекнуваат од кривичните дела.

Истиот ден, во 18:50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во дом и помошни простории кај 26-годишниот Б.У. во село Долно Палчиште, по што и тој бил лишен од слобода.

Во продолжение на активностите, на 20.09.2026 во 02:20 часот во Полициска станица Тетово е задржан и 34-годишниот А.А. од село Отља, липковско, претходно лишен од полициски службеници од СВР Куманово, при што од него било одземено патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки.

Сите лица се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.












