Загина пешак во Струмичко

Пешак загина во сообраќајна несреќа што ноќеска околу 1:30 часот се случила на влезот во струмичкото село Секирник.

Според МВР, „ренџ ровер“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот М.И. од Ново Село, удрил во 47-годишниот Ѓ.К. од Секирник.

Пешакот загинал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица.

Возачот е приведен и задржан во СВР Струмица. Извршен е увид.

Scroll to Top