Килијан Мбапе, играч на Реал Мадрид и француски репрезентативец, во интервју за „Атлетик“, откри дека неговата мајка сакала тој да потпише за Ливерпул поради тогашниот тренер Јирген Клоп.
„Бев блску до Ливерпул. Мајка ми беше голем обожавател на Јирген Клоп, а Ливерпул беше нејзина омилена дестинација. Таа сакаше да одам таму“, рече Мбапе на почетокот на разговорот.
„Не ја послушав затоа што сакав да играм во мојот град, Париз. Не сакав да ја напуштам земјата пред да станам некој и нешто. Но да, мајка ми постојано велеше: „Ливерпул – ќе играш таму, на Енфилд, тоа ќе биде неверојатно искуство за тебе.“ А јас велев: „Важи“
„Таа отиде таму на првата рунда преговори. Го обиколи градот и стадионот, се запозна со луѓето. Таа рече: „Тоа е прекрасен клуб, сите се толку пријателски расположени, тоа е семеен клуб, голем клуб.“
„Таа отиде на Енфилд и беше воодушевена.“ Гледаше неколку натпревари сама, за да ја почувствува атмосферата, бидејќи сакаше да ме замисли на тој стадион.
Постојано разговаравме. „Што мислиш, мамо?“ Таа ќе речеше: „Според мене, мора да одиш во Ливерпул.“ Јас велев: „Важи, важи, важи!“, бидејќи Јирген Клоп е одличен тренер. Го запознав и имав прекрасен однос со него. Многу го почитував“, откри Мбапе.
Foto/ Depositphotos







