Лука Дончиќ привлече големо внимание со својата најнова објава; овојпат фокусот не е на спортот, туку на неговото семејство и на трогателните зборови што ги упати до своите ќерки.
Кошаркарот Лука Дончиќ минува низ бурен период во приватниот живот, но пред да се врати во САД, одлучи да сподели емотивен увид во своето секојдневие.
Словенечкиот кошаркар објави неколку фотографии од своите мали ќерки, Габријела и Оливија, со кои го помина летото во Словенија. Сликите доловуваат заеднички моменти – од игра и прошетки до капење и креативни активности. Тој не ги покажа лицата на девојчињата.
Покрај фотографиите стоеше емотивна порака која привлече големо внимание кај неговите следбеници:
„Г и О, без разлика каде во светот се наоѓа вашиот тато, не поминува ден, а да не сте во моето срце. Каде и да одам, вие сте секогаш со мене. Ве сакам!“
Објавата доаѓа по бурен период за кошаркарот. Дончиќ и неговата долгогодишна партнерка и поранешна свршеница, Анамарија Голтес, се разделија, по што следеше правен спор околу нивните ќерки.
ESPN претходно објави дека Дончиќ бил вклучен во постапка за старателство над децата, додека „Лос Анџелес Тајмс“ во август извести дека Голтес побарала повлекување на барањето за издршка на децата од судската постапка во Лос Анџелес, наведувајќи дека се обидуваат спорот да го решат пријателски.







