Пожар избувнал вчера попладне во кругот на фабриката „Железара“ во Скопје, при што биле зафатени две бараки со разни предмети, соопшти МВР.
Во моментот на настанот во објектот работеле лица кои најпрво забележале чад, по што набргу избувнал пламен.
Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
На местото бил извршен увид.







