(Видео) Филипче: Советник на премиерот им кажува на клиниките каква опрема да купуваат

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, нагласи дека Владата наместо да ги решава проблемите во здравството со недостигот на лекови, долгите листи на чекање и лошите услови за лекување, е фокусирана на влијание врз јавните набавки во здравството, а коруптивните практики се присутни на секое ниво.

Во тој контекст, Филипче откри дека советник на премиерот шета по клиниките и на директорите им кажува каква опрема и според какви спецификации да набавуваат.

„Има еден советник на премиерот кој што шета по клиниките и им кажува на директорите која спецификација и која опрема да ја купат. Ете, тоа се случува. На тоа се фокусирани. Кражба на секое ниво. И да знае и тој советник дека ќе одговара“, рече Филипче.“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ порача дека додека власта се занимава со тоа кој и каква опрема ќе набавува, додека граѓаните остануваат со нерешени проблеми во здравствениот систем.

„Тоа е матрицата, контрола да се стави врз се, ништо добро за граѓаните. И од сите проблеми кои што сега ги има. Немаат луѓето лекови, немаат услови за лекување добри, огромни листи на чекање, огромни листи на чекање, малформации во здравствениот систем, корупција од највисоките нивоа на власта“, рече Филипче.

Scroll to Top