Жешка фотографија „го запали интернетот“: Линдзи Вон ја потврди врската со колега-спортист помлад од неа 11 години

По неколкумесечни шпекулации, американската скијачка Линдзи Вон ја потврди врската со францускиот скијач Матју Бајле.

Гласините дека 41-годишната Линдзи Вон и 30-годишниот Матју се во врска кружеа веќе некое време, но потврдата пристигна дури сега. Скијачката објави колаж од фотографии на својот профил на Инстаграм, на кои се гледаат летни моменти, вклучително и страсна бакнеж во базен.

Линдзи гордо позираше со своето момче во базенот, а нивната блискост привлече внимание во јавноста. Таа исто така ја покажа својата прекрасна фигура и мускулесто тело. Со овој потег, американската скијачка го потврди она што јавноста одамна го претпоставуваше – дека е во врска со колега скијач. Нејзините обожаватели веднаш реагираа на објавата.

„Погледнете ве вас двајца, конечно ја официјализиравте врската“, „Многу ми е мило за вас“ и „О Боже, едноставно блескаш“ беа само дел од коментарите.

Гласините за врската меѓу Линдзи и Матју започнаа во мај оваа година. Тие неколку пати беа видени заедно, но не дозволија шпекулациите во медиумите премногу да им пречат.

Тие дозволија нивната љубовна приказна природно да се развива и дури сега, по неколкумесечно дружење, одлучија да ја потврдат својата романса пред светот.

Scroll to Top