(Фото) Џеј Ло во секси издание: го носи омилениот дезен на сезоната и изгледа моќно

Уште од почетокот на Модната недела во Милано, пејачката Џенифер Лопез не престанува да нè воодушевува со своите модни избори. Прво нè изненади со луксузна комбинација и ѓердан од 74 карати, а сега ни покажа како да го носиме омилениот дезен на сезоната.

Станува збор за животинскиот дезен што го носат само одбрани дами – жени доволно храбри да ризикуваат, свесни дека можат да направат моден кикс или, пак, да постигнат полн погодок со својот изглед.

Судејќи според фотографиите, Џеј Ло не се двоумеше да го прифати овој смел дезен, покажувајќи точно како да се носи и со какви модни додатоци да се искомбинира. Таа прошета низ улиците на Милано во комплет со леопард-дезен, составен од кратки шорцеви и соодветно сако.

Изгледот го заокружи со црна чанта и чевли на потпетици со истиот дезен, додавајќи златни обетки и црни очила за сонце. Ја собра косата во едноставна пунџа, постигнувајќи го оној урбан и шик стил што го претпочитаат денешните трендсетери.

Scroll to Top