Дмитријев за Калас: Нека чита книги за да стане попаметна, таа е диверзија на ЕУ против Европа

Специјалниот претставник на претседателот на Русија за инвестиции и економска соработка со странски земји, Кирил Дмитријев, реагираше на изјавата на шефицата на дипломатијата на Европската Унија, Каја Калас, дека, според разузнавачките информации, Русија подготвува нови акти на саботажа против демократијата во ЕУ.

„Каја Калас, која сè уште мора да „чита книги за да стане попаметна“, е една од многуте военоподбуцнувачки „саботажи“ на ЕУ против Европа“, напиша Дмитријев на социјалната мрежа Икс.

Денес, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на земјите од ЕУ во Брисел, Калас изјави дека постојат разузнавачки информации кои укажуваат дека Русија подготвува нови акти на саботажа против демократијата во ЕУ.

Според неа, целта на ваквите активности би била да се подели европското општество и да се ослабне поддршката за Украина. Таа изјави дека европските разузнавачки служби треба да бидат подготвени да реагираат пред да се случат вакви активности.

Шефицата на европската дипломатија изјави дека министрите за одбрана на ЕУ ќе разговараат и за правилата за координиран одговор на европските држави во случај на хибридни напади.

„Ќе предложиме правила за дејствување во итни случаи“, рече Калас, објави БТА.

Во исто време, таа најави дополнителни предлози за проширување на европските санкции поврзани со Русија, вклучително и мерки против оние што ЕУ ги смета за поврзани со финансирањето и воено-индустрискиот комплекс на Русија.

Scroll to Top