Француската фудбалска репрезентација ја победи Белгија во Брисел, второто коло од А-дивизијата на Лигата на нации, со резултат 1:0.
Единствениот стрелец беше Михаел Олисе во 88-та минута од натпреварот.
Избраниците на Зинедин Зидан беа подобриот противник во поголемиот дел од натпреварот, но долго време се чинеше дека нема да можат да ја материјализираат голема иницијатива на теренот. Французите го контролираа поседот, создадава шанси и двапати ја погодија стативата, пред Олисе да им донесе на гостите заслужена победа во самиот финиш.
Првата голема шанса ја имаше Дезире Дуе во 12-та минута, шутираше добро, но топката заврши во пречката од голот на Сене Ламенс. Франција продолжи да притиска, додека Белгија претежно се бранеше и чекаше можност да му се закани на Мајк Мањан преку Кевин де Брујн и Шарл де Кетеларе.
Во 53-та минута, гостите повторно беа запрени од рамката на голот. Лукас да Куња ја погоди стативата.
До тој момент, Франција испрати значително повеќе шутеви и целосно ја презеде контролата врз играта. Зидан продолжи да посегнува по играчите од клупата. Усман Дембеле и Михаел Олисе влегоа во игра, додека Марк ван Бомел се обиде да го освежи белгискиот тим со воведување на Ханс Ванакен и Доди Лукебакио.
Кога изгледаше дека натпреварот ќе заврши без голови, се појави Олисе. Играчот на Баерн го пронајде патот до мрежата во 88-та минута. Олисе тргна во спринт од средината на теренот, Де Кујпер не успеа да го задржи, ниту оак да го фаулира, а откако влесе во средината од 18 метри упати неодбранлив удар.
Белгија не успеа да одговори до крајот, па Франција ја постигна својата втора победа под водство на Зинедин Зидан. По минималниот триумф над Турција, „триколорите“ повторно славеа без примен гол и го зазедоа првото место во групата со максимални шест бода.
Белгија остана на три бода, исто како и Италија, додека Турција е сè уште без бод.
Во третото коло, на 2 октомври, Франција ќе ја пречека Италија, додека Белгија ќе игра против Турција. Веќе на 5 октомври ќе има нов дуел помеѓу Франција и Белгија, овој пат пред француските навивачи.
Foto/ EPA







