Јавниот обвинител на РСМ на средба со претставници на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC)

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска ги прими во работна посета претставниците на Канцеларијата на ОН за борба против дрога и криминал (UNODC), со кои разговараше за можностите за унапредување на соработката во повеќе специфични области од областа на борбата против прекуграничниот криминал, размената на информации и спречување на илегалната трговија со дрога и луѓе.

На средбата со Данило Рици, регионален претставник на УНОДЦ за Југоисточна Европа, Украм Насиров, шеф на Програмската канцеларија во земјава и Стојна Атанасовска Димишковска од Канцеларијата на УНОДЦ беа договорени специјализирани обуки за јавните обвинители во сферата на искористување на вештачката интелигенција во борбата против криминалот, спречување на трговијата со нови видови наркотици, како интензивирање на регионалната соработка за поефикасен прогон на прекуграничен криминал по должината на Коридорот 8.

Во следниот период ќе продолжи интензивна координација со цел операционализирање на сите аспекти на ваквата соработка, соопшти Обвинителството.

Scroll to Top