Со победа од 4:1 против Хрватска во Севилја, Шпанија ја продолжи серијата што сега стана историска. Екипата на Луис де ла Фуенте стигна до 40 последователни натпревари без пораз. Ниту една репрезентација претходн немала ваква серија.
Во второто коло од Групата 3 на Лигата на нации, Хрватска претрпе тежок пораз во Севилја, а со таа победа, домаќинот дополнително го зацврсти статусот на репрезентација што со години доминира во меѓународниот фудбал.
Во таа серија, Шпанија го освои Европското првенство во 2024 година и Светското првенство во 2026 година, додека продолжи да руши рекорди.
Победата против Хрватска беше нивна деветта по ред во сите натпреварувања. Со ова, тие ја израмнија својата најдобра серија под водство на Де ла Фуенте, која претходно беше постигната помеѓу јуни и јули 2024 година. Во историјата на Лигата на нации, Португалија и Грција имаат најмногу победи, по 19, додека Франција и Шпанија следат со по 18.
Да потсетиме дека Шпанија победи против Хрватска благодарение на двата гола на Ламине Јамал и головите на Марк Пубил и Нико Вилијамс. Единствениот стрелец за Хрватска беше Дион Дрена Бељо.
Foto/ EPA







