Пожар во стан во Скопје, 11-годишно дете пренесено во болница

Единаесетгодишно девојче е пренесено во болница по пожар што настанал во стан во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 10:24 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Воденска“ во Скопје настанал пожар во стан.

Екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот, а поради вдишување на чад, 11-годишна малолетничка со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Scroll to Top