Мерц: Европа треба да го направи НАТО „поевропски“ за да опстане

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес оцени дека Русија го загрозува мирот во Европа бидејќи, како што изјави, спроведува „насилен ревизионизам“ и одбива да седне на преговарачка маса за решавање на кризата во Украина.

За време на неговата посета на Првиот германско-холандски корпус во Минстер, тој рече дека агресијата на Русија против Украина ја започна Москва „со целосно непочитување и презир кон законот и редот“, објавува Гардијан.

Според него, европската поддршка за Украина ќе продолжи и покрај заканите од Русија.

„Одбиваме да бидеме заплашени од хибридниот напад на Москва“, рече Мерц.

Тој изјави, во пресрет на средбата со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и холандскиот функционер Роб Јетен, дека Европа треба да го направи НАТО „поевропски за да може да опстане“.

Тој, исто така, ја нагласи важноста на воената соработка меѓу земјите-членки на НАТО, објавува Танјуг.

Scroll to Top