Општина Карпош: Доделени спортски стипендии за 𝟤𝟢𝟤𝟨 година

По завршувањето на Јавниот повик за доделување спортски стипендии за талентирани спортисти – жители на Општина Карпош, доделени се спортски стипендии за ученици од VIII и IX одделение за учебната 2026/2027 година. Спортските стипендии од Прва категорија изнесуваат 3.500 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Спортските стипендии од Втора категорија изнесуваат 3.000 денари месечно и се доделуваат за период од осум месеци во текот на учебната година.

Списокот на добитници на спортските стипендии за 2026 година можете да го погледнете на следниот линк.

Со доделувањето на спортските стипендии, Општина Карпош продолжува со поддршката на младите спортски таленти и нивниот развој, особено на учениците кои со своите индивидуални спортски резултати се издвојуваат на национално и репрезентативно ниво, велат од Општината.

Scroll to Top