Пелистер се засили со ракометар од Франција

Еурофарм Пелистер, по тепкиот чораз во Лигата на Европа од Ла Риоха, донесе засилување на позицијата среден бек. Во Битола простигна францускиот бек, Саду Нтанзи.

Саду Нтанзи е ракометар кој доаѓа од школата на Пари Сен Жермен и ги мина сите младински категории на француската репрезентација.

„Добредојде во Битола за Саду Нтанзи. Новиот среден бек на Еурофарм Пелистер има 26 години, доаѓа во Битола од бундеслигашот Мелсунген и ќе биде еден од ретките ракометари од Франција кои играле или ќе играат во Македонија. Тој се обврза на договор на една сезона со нашиот клуб“, објави клубот на социјалните мрежи.

Нтанзи четири години беше член на ПСЖ и освои исто толку титули во шампионатот на Франција. Потоа мина една сезона во Феникс, една во унгарска Татабања, а минатата сезона настапуваше за Ал Араби од Катар и Мелсунген од Германија.

Покрај четирите титули со ПСЖ, со оваа екипа Нтанзи освои и еден Куп и Суперкуп, а со Мелсунген се пласира во Лигата на шампионите оваа сезона, откако минатата година ја освоија Лигата на Европа.

Нтанзи ќе биде официјално претставен пред јавноста по неговото пристигнување во Битола.

Izvor i Foto/ facebook.com/hceurofarmpelister

Scroll to Top