Пожарникар повреден при гаснење пожар во стан во Скопје

Пожарникар бил пренесен во болница откако вдишал чад при интервенција во пожар во стан на улицата „50 Дивизија“ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил пријавен вчера во 16:20 часот во СВР Скопје, а избувнал во стан во сопственост на 46-годишна скопјанка.

На местото интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи успеале да го изгаснат пожарот.

При интервенцијата, еден пожарникар вдишал чад, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.

Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје.

Scroll to Top