(Видео) Португалија гази без Роналдо, Холандија ја победи Србија

Португалија ја победи Норвешка со 2:1 на стадионот „Драгао“ во четвртото коло од А-дивизијата на Лигата на нации. Португалците со овој триумф обезбедија место во четвртфиналето.

Португалците го задржаа својот максимален учинок во групата, а сето тоа во натпревар одигран во сенка на конфликтот меѓу Кристијано Роналдо и тренерот Жорж Жезус.

Домашниот тим мораше да прави пресврт и го одигра крајот на натпреварот со десет играчи по црвениот картон на Франсиско Консеисо.

Норвежаните, поведоа во 36-тата минута. По акцијата на гостите, топката стигна до Кристофер Ајер, кој со одличен удар го совлада Диого Коста. ВАР ја провери ситуацијата, но не најде ништо спорно – 0:1.

Предноста на Норвешка траеше само две минути. Веќе во 38-тата минута, Португалија одговори на речиси идентичен начин. Жоао Кансело ја прими топката на работ од шеснаесетникот и со фантастичен удар ја погоди мрежата.

Притисокот на домашните на крајот се исплатеше. Португалија постигна целосен пресврт и поведе со 2:1, по одлична акција, во која Жоао Фликс асистираше, а стрелец беше Рамос.

Интересен натпревар во Ајндховен одиграа Холандија и Србија. Славеа домаќините со 2:1. Србите го одиграа најдобриот меч во досегашниот тек од Лигата на нации, но ниту тоа не им беше доволно да останат непоразени.

Поведоа домаќините со голот на Копмајнерс од слободен удар, но следуваше експресен одговор од Србија, преку Цветковиќ. Во вториот дел откако Србите не реализираа две шанси за гол, казната ги стигна кога Зиркзе го постави конечниот резултат.

Во оваа група, во Солун, Грција и Германија одиграа натпревар без голови. Германците доминираа, им беше поништен и гол, но не успеаја да забележат победа.

Грција и Холандија водат со по осум бода, пет има Германија, а Србија е без освоен бод.

Scroll to Top