Гиновска: ЗНАМ воведува ред, одговорност и ефикасност во инспекцискиот систем

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, посочи дека приоритет во изминатиот период бил создавање професионална, подобро организирана и поефикасна институција, присутна на терен и подготвена да реагира кога се прекршува законот.

„Резултатите се мерливи. Во 2025 година се извршени 1.702 инспекциски надзори, донесени 530 решенија, иницирани казни во вредност од 1,46 милиони евра, како и 7 кривични и 32 прекршочни постапки. Во првите четири месеци од 2026 година се извршени уште 521 надзор, донесени 150 решенија, иницирани казни од 417 илјади евра и поведени 7 прекршочни постапки. Но, бројките не се цел сами за себе“.

Тие, додава таа, покажуваат дека кога институцијата е организирана и присутна на терен, резултатите се видливи.

ЗНАМ според Гиновска,не е само коректор туку креатрот на промени.

Гиновска оценува дека еден од најголемите проблеми е недостигот на инспекциски кадар.

„Затоа е изготвена стратегија за централизација на инспекцискиот систем, прифатена од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со обединување на капацитетите на општинските и државните инспектори, Инспекторатот би добил околу 50 дополнителни професионалци, со што значително ќе се зајакне присуството на терен.

Паралелно се подготвени нови правила и методологија за проценка на ризик, со цел инспекциските контроли да се планираат според реалните ризици, а не според старата практика“.

Инспекторатот, посочува таа, учествуваше и во подготовката на повеќе клучни законски решенија во животната средина, вклучително и за индустриските емисии, климатската акција и просторното планирање, како и во решенијата со кои се предвидуваат построги санкции и воведување на категоријата „екоцид“.

Посебен приоритет, како што вели е ставен на контролата на квалитетот на воздухот.

„Во грејните сезони се засилени контролите, вклучително и во вечерните часови и за време на викендите, особено кај инсталациите со А-интегрирана еколошка дозвола. При надминување на прагот на алармирање за аерозагадување се спроведуваат вонредни надзори низ целата држава, а Инспекторатот учествуваше и во подготовката на Планот за чист воздух 2024–2030.

Паралелно се зајакнува меѓуинституционалната соработка со МВР, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Национални шуми и други институции, бидејќи заштитата на животната средина не може да биде задача на само една институција.

Значајна е и меѓународната соработка преку ЕУ Твининг проект вреден 1 милион евра, како и учеството во европските инспекциски и безбедносни мрежи.

За Движењето ЗНАМ, овој отчет е потврда дека јавната функција не е привилегија, туку обврска кон граѓаните.

Нашата определба е јасна: не само да констатираме проблеми, туку да ги менуваме системите, да воведуваме ред и да создадеме институции кои работат за граѓаните“.

Scroll to Top