Португалците победуваат, играат одлично, особено откако Кристијано Роналдо се налути и ја напушти репрезентацијата. Наместо да зборуваат за четирите победи во Лигата на нации и пласманот во четвртфиналето, сите се враќаат на старата тема за најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата.
По победата над Норвешка 2:1, во Порто, селекторот Жорге Жесус, повторно мораше да одговори на неколку прашања поврзани со Роналдо.
„Не знам што ќе одлучи Кристијано. Веќе кажав што имав да кажам, но ќе додадам уште нешто. За мене, од самиот почеток, тоа никогаш не беше проблем. Како тренер, го сметав тоа за нормална работа, кога станува збор за него, кога имате играч кој е симбол за земјата и репрезентацијата. Како тренер, имам одредени принципи за кои не може да се преговара, но бидејќи немаше ништо посебно во однос на загрозувањето на мојот авторитет, ќе го поканам Кристијано на следниот собир, ако игра за Ал Наср. Тој е играч на кој можеме да сметаме, ако сака да се врати во репрезентацијата. Одлуката дали ќе се врати е негова“, рече Жесус.
Жесус го врати Роналдо во репрезентацијата затоа што сакаше напаѓачот да се збогува на вистинскиот начин.
„Се согласувам целосно со она што го кажа Бруно Фернандеш. Тоа беше и моја идеја. Едно од нештата што му ги кажав на Кристијано е дека не може да ја заврши својата меѓународна кариера на Светското првенство со пораз и во солзи. Мораше да ја заврши својата меѓународна кариера на друг начин. Затоа играше во првиот натпревар, а требаше да игра и денес. Но, по сè што се случи, сè беше поинаку. Јас сум тренер, повикувам кого сакам. Има многу работи за кои не преговарам. Не знам дали можам да бидам појасен од она што го кажав.“
Foto/ Depositphotos







