(Фото/Видео) Како е можно Лизи да не носи секси бикини? Овој изглед ги шокираше сите

Елизабет Харли успеа да го привлече вниманието на јавноста со еден моден избор. Таа се одлучи за класичен костим што многумина ги остави без зборови.

Елизабет Харли сака да го истакнува своето витко тело и бујното деколте. Впечатливите и провокативни модни комбинации се нејзин заштитен знак, а костимите за капење се омилен дел од нејзиниот гардеробер.

Сепак, таа реши да нè изненади и да го промени тој моден правец, појавувајќи се во сосема поинаква комбинација на еден неодамнешен настан. Според медиумските извештаи, таа присуствувала на хуманитарен настан во Њујорк, кој традиционално се одржува секој октомври.

Октомври е Меѓународен месец за подигнување на свеста за ракот на дојка, чија цел е да се информира јавноста за важноста на превенцијата и раното откривање на оваа болест. Актерката долго време е вклучена во работата на организација што се бори против оваа сериозна болест, па не е изненадување што токму таа го означи почетокот на овој месец посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка.

За оваа посебна пригода, таа избра струкиран костим во живописна циклама-розова боја – изглед што го спојува деловниот стил со софистицираноста, истовремено истакнувајќи ја нејзината витка фигура.

Изгледот го заокружи со розови модни додатоци, брановидна коса и шминка во нежни тонови. Секако, во преден план беше и нејзиното деколте, иако овој пат беше нешто подискретно.

Scroll to Top